Македонија

Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци, земјоделството останува приоритет на Владата

Денес се исплатени над 407 милиони денари кон близу 8.000 земјоделци кои што се во нашата евиденција. Имено, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци од подмерка 1.7, односно за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, истакна на денешната прес конференција министерот за змјоделство, […]

Денес се исплатени над 407 милиони денари кон близу 8.000 земјоделци кои што се во нашата евиденција. Имено, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци од подмерка 1.7, односно за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, истакна на денешната прес конференција министерот за змјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Типуновски.

-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сортата куртова капија каде висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм, кои што се предадени за периодот мај-јуни и ноември-декември 2024 година. Оваа мерка е клучна за поддршка на нашите градинари кои се посветени на квалитетно производство наменето за понатамошна преработка. Истовремено, денес се изврши исплата на над 147 милиони денари кон 3.686 земјоделци за мерка 2.3, односно за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка за 2025 година. Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко, рече Трипуновски.

Трипуновски појасни дека овие исплати се однесуваат за првите три месеци од оваа година.

-Овие исплати се однесуваат за период јануари, февруари и март 2025 година, со што поддршката кон сточарскиот сектор континуирано продолжува. Само за пoтсетување како министерство од почетокот на мандатот исплативме над 11 милијарди денари кон земјоделците, што претставува доволен доказ за нашата посветеност и развој на македонското земјоделство, појасни министерот.

Тој додаде дека земјоделството останува како еден од приоритетите на Владата.

-Нашата заложба за зголемување на конкурентноста на македонските земјоделски производи продолжува понатаму. Со одговорно и домаќинско работење покажавме дека ги градиме темелите на промените, и го вреднуваме трудот на македонските земјоделци. Во следниот период продолжуваме со поддршка на македонските земјоделци затоа што земјоделството останува како еден од приоритетите на Владата, додаде Типуновски.

Најнови вести од: Македонија

Тетовец реагира за сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово: Градот е заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички!

Тетовецот Бошко Видоески преку објава на општествените мрежи реагираше на, како што наведува, сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово за време на летниот период. Тој оценува дека градот е „заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички“, обвинувајќи дека дел од возачите непрописно паркираат, создаваат бучава, турираат, се тркаат и го нарушуваат мирот на граѓаните.

Мисајловски: Продолжува осовременувањето на Армијата со нова опрема, униформи и вооружување

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека Армијата во наредниот период ќе добие значително нова опрема и вооружување, оценувајќи дека процесот на модернизација ќе овозможи нејзино зајакнување на, како што рече, највисоко ниво во историјата.

Мицкоски: Го повикувам Обвинителството да провери 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 во Гостивар, кога не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци!

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, од Делчево, го повика Обвинителството да почне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар и за непреземањето ништо од тогашната власт за заштита на здравјето на гостиварци – токму во период кога министер зза здравство бил сегашниот лидер на СДСМ Венко Филипче.

Мицевски: Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните

Никола Мицевски, член на Извршниот комитет и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција изнесе обвинувања дека во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, а СДС била на власт, имало случаи на неисправна вода за пиење кои, како што тврди, биле сокриени од граѓаните.

Мицкоски: Остануваме посветени на спроведување на реформите, заради забрзан напредок на државата

Денеска одржавме работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку интернет-обраќање обраќање учествуваше директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство Герт Јан Копман, информира премиерот Христијан Мицкоски.

Професорите по економија во Македонија основаа национално професионално здружение

Здружението на професори по економија на Македонија беше официјално основано на Основачкото собрание, одржано во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје.

Најнови вести

To top