Македонија

Турчин ја изведува нашата класична „Распукала Шар Планина“ (ВИДЕО)

Оваа изведба покажува колку длабоко допира македонскиот фолклор и надвор од границите.

Изненадувачки убав момент од деновиве: Турчин со импресивен глас ја изведува класичната македонска народна песна „Распукала Шар Планина“.

Старата епска мелодија, што со векови го носи духот на нашите планини, одекнува чисто, моќно и искрено.

Оваа изведба покажува колку длабоко допира македонскиот фолклор и надвор од границите.

Една песна што зборува за Шар Планина, за овчарите и за животот во планината, денес го обединува светот преку музика.

Браво за изведувачот и за сите што ја шират нашата култура низ светот!

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top