Македонија

Уапсен 25-годишен бегалец од затворот Идризово

Ќе биде испратен во истиот затвор на отслужување на остатокот од 5-годишната казна

 

Како што соопшти МВР, денес (04.02.2026) во 09:15 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го уапсија А.Ј. (25) од Гостивар, кој се бараше со потерница со судска одлука за бегство од затворот Идризово.

„А.Ј. е осуден на пет години и еден месец затвор за кривични дела сторени по членовите 236 и 215 од Кривичниот законик. Тој ќе биде испратен во затворот Идризово на отслужување на остатокот од казната“, велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top