Македонија Хроника

Убиство среде бел ден во Тетово, како во мафијашки филм

Во престрелката во Тетово десетици куршуми завршиле во „голфот“ во кој е најден убиениот човек. Станува збор за возило „фолксваген голф“ чија лева страна е целата издупчена со куршуми. Дел од проектилите го скршиле стаклото од возачката страна додека другите куршуми завршиле во задниот дел.

Како пресметка на две завојувани банди денеска се случи убиство и ранување на уште неколку лица во тетово во 12,30 часот. Од возило во движење со автоматска пушка било пукано во друго возило во кое беше смртно застрелан маж. При бегството убијците прегазиле неколку луѓе. Повредено од заскитан куршум е и 14-годишно девојче од кое било во близина на местото на престрелката.

Тројца мажи од кои двајца со прострелни рани се префрлени на скопските клиники. Третиот, 60-годишник, бил прегазен со автомобил со кој бегале учесниците во престрелката.

МВР објави првични детали за пукањето.

„Денеска (10.08.2025) во СВР Тетово било пријавено дека во 12,30 часот на крстосница од улица ‘Илинденска’ со улица ‘Благоја Тоска’ во Тетово се случила  вооружена пресметка помеѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна незгода по што двете возила го напуштиле местото, од кои едното се упатило кон улица 113, а додека другото во непознат правец.

Од добиени сознанија од граѓани и очевидци на местото на настанот, добиена е информација дека возилото кое што се упатило кон ул. 113 дека се работи за патничко возило ‘форд фиеста’ со тетовски регистарски таблички. Од извршената проверка било констатирано дека се работи за одјавени регистарски таблички од истото возило, сопственост на лицето Е.М. (19) од с. Гајре, тетовско.

На крстосницата од улица ‘Благоја Тоска’ со улица 107 било пронајдено патничко возило ‘фолксваген голф’ со тетовски регистарски таблички, сопственост на Ф.Р. (46) од Тетово, додека  во возилото пронајдено е едно починато лице со прострелни рани од огнено оружје. За настанот е формиран тим со кој раководи дежурен јавен обвинител при ОЈО-Тетово и увидна екипа од СВР Тетово“.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

To top