Македонија

Уште една измама со лажна сообраќајка во Скопје, измамени повозрасни сопружници за сума од 10.000 евра

МВР

На 29.09.2025 во 21:30 часот во Полициската станица Центар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето им се јавило, се претставило како полициски инспектор и ги известило дека нивната внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила малолетник кој починал и доколку не сака таа кривично да одговара ќе треба да ги дадат парите.

Како што е пријавено, ги однеле парите на договореното место, а откако се вратиле со домот телефонски стапиле во контакт со нивната внука и сфатиле дека се измамени.  Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top