Македонија

Успешнo извлечен повредениот планинар на тежок и непристапен терен на Пелистер

Полицијци, припадници на воздухопловните единици, припадници на единицата тигри – на тежок, непристапен, опасен терен во спасувачка акција го спасија повредениот планинар со скршена нога на Пелистер. “Во акцијата учествуваа тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Упатувам искрена благодарност за нивната пожртвуваност, професионализам и човечност. Со […]

Полицијци, припадници на воздухопловните единици, припадници на единицата тигри – на тежок, непристапен, опасен терен во спасувачка акција го спасија повредениот планинар со скршена нога на Пелистер.

“Во акцијата учествуваа тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Упатувам искрена благодарност за нивната пожртвуваност, професионализам и човечност.

Со оваа акција нашите припадници уште еднаш докажаа дека македонската полиција секогаш е таму каде што е најпотребна, особено кога се спасува живот и се делува под најтешки услови” напиша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top