Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Од МВР апелираат на почитување на полициските наредби

Во централното градско подрачје на Скопје утре, вторник, 27 октомври, ќе важи посебен сообраќаен режим. Причината е официјалната посета на претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека мерките ќе ги спроведува Единицата за безбедност на патниот сообраќај.

Во соопштението не се наведени конкретните улици што ќе бидат опфатени, ниту временските интервали во кои ќе важат ограничувањата.

Од МВР апелираа до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Најнови вести од: Македонија

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

To top