Македонија

Веапоска: Немам веќе ни сила, ни здравје, во државава нема ни суд, ни правда

На рочиштето присуствуваа двајца, од тројцата супервештаци, на што адвокатот на гинекологот Мухамед Асани, Игор Петкоски, најпрво побара од судот тимот од тројца супервештаци заедно да го презенитраат извештајот, но најпрво да биде испрашуван гинекологот Тања Гуржанова.

Во Основниот суд во Струга денеска повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, поради барање на одбраната на првообвинетиот, за изземање на судечкиот судија. На рочиштето присуствуваа двајца, од тројцата супервештаци, на што адвокатот на гинекологот Мухамед Асани, Игор Петкоски, најпрво побара од судот тимот од тројца супервештаци заедно да го презенитраат извештајот, но најпрво да биде испрашуван гинекологот Тања Гуржанова. Откако барањето му беше одбиено од страна на судијата Јордан Јованов, тој побара негово изземање, по што најави дека ќе побара изземање и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола за предметот да биде разгледан пред Врховниот суд во Скопје.

Тој најави дека во рок од 48 часа до претседателот на Судот ќе достави писмен поднесок со детали за барањето за изземање на судечкиот судија, претседателот на Судот во Струга и на претседателот на Апелационен суд Битола.

  • Не е сфатливо во 21 век, при постоење на многу пресуди на судот за човекови права во Стразбур  да разговараме за основни права на одбраната во предметот, рече Петковски, реагирајќи на одлуката на судијата извештајот од супервештачењето да биде презентиран од двајцата присутни вештаци и покрај решението за негова презентација да присуствуваат тројцата вештаци.

Јавниот обвинител Ермира Муса-Нура кажа дека исказот на двајцата присутни супер вештаци е доволен за да се разјасни супервештачењето и оти нема потреба од третиот вештак. Таа се спротивстави и на барањето за изземање на судечкиот судија.

  • По толку траење на постапката денес одбраната побара изземање на судијата, барање кое можеше да го побара порано. Поради тоа судот не можеше да постапува. Ние сме против овие барања и побаравме судот да ги одбие, рече Муса-Нура.

Оштетената, родилката Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег излезе разочарана од судницата.

  • Немам веќе ни сила, ни здравје. Не сум добра психички. Во нашата држава нема ни суд, ни судии, ни правда. Срамно е докторите од супер вештачењето да доаѓаат од Скопје и наместо да има завршни зборови, судскиот процес да се одлага на неодредено, рече Веапоска.

Нејзиниот полномошник, адвокатот Сашо Јанев смета дека изземањето на судијата е дел од стратегијата на одбраната за одолговлекување и застарување на делото, но истакна оти верува во ефективноста на судот.

  • Верувам дека судот ќе биде брз и ефективен и оти брзо ќе се одлучи по однос на овие очајнички потези на одбраната и ќе добиеме осудителна пресуда, која толку долго ја очекуваме, рече Јанев.

Судскиот процес против тројцата лекари – гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, трае околу три години, а делото застарува на почетокот од идната година. Три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството – обвинителката на потег

Од Обвинителството велат дека за еден дел од наводите веќе е поднесено обвинение, а за другите наводи се проверува дали постои сомнеж за сторено кривично дело. Од наодите во последниот извештај на Државниот завод за ревизија може да се заклучи дека во периодот од 2022 до септември 2024 се работело главно на уништување на компанијата.

Како вештачката интелигенција би можела да го уништи човештвото?!

Во најцрните сценарија, вештачката интелигенција може да се користи за развој на смртоносни патогени и поразорни оружја. Но, ова не значи дека нè чека ваква иднина, туку ова се само потенцијални ризици, а не сигурни предвидувања.

(Фото): Нови можности за соработка, инвестиции и размена на искуства – ИНОВА ги поврзува македонскиот и израелскиот иновациски екосистем

ИНОВА ја цени поддршката и институционалната координација од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во реализацијата на посетата, како и придонесот на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев и М6 Едукативниот центар во успешното реализирање на програмата и срдечното гостопримство кон израелската делегација.

To top