Македонија

Вечерна богослужба и Литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Од Скопската епархија на МПЦ-ОА ги покануваат сите верници да земат молитвено учество

Во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17:00 часот, ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.

По Вечерната, ќе следува Литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица околу централното градско подрачје.

Од Скопската епархија на МПЦ-ОА ги покануваат сите верници да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката се сретна со граѓани во Народната канцеларија

Дел од граѓаните укажале на тешкотиите и неправдите при обидите за вработување, за примерите на потценување на стручноста и компетентноста и преценување на фамилијарната, политичката и партиската припадност

(Видео): Вистинските патриоти се борат и победуваат, рече премиерот од Вашингтон и порача дека нема план за повлекување од разговорите со Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за пренамена на капацитетите на термоелектраните во Битола, од јаглен на гас, во рамки на плановите за развој на гасната инфраструктура.

To top