Македонија

Велјановски: Талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра, истакна денеска Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери.

Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб.

Затоа СДС и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови?

Почитувани граѓани,

Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување.

Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот.

Не сме исти. Разликата е евидентна, рече Велјановски.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top