Македонија

Венко до Сашо: „Постои голема опасност… да излезе одлична претстава!”

Знам дека си таму, зад сцената, и дека режираш нешто во небесниот театар

Емотивни сеќавање за Сашо Миленковски јавно упатува писателот Венко Андоновски за вчера упокоениот театарски маг.

,,Е, другар мој. Кога премиерно ја игравме „Кандид во земјата на чудата”, ми даде лист хартија. На неа имаше само броеви: 7, 11, 18, 22… „Што е ова?” прашав, „Лото?“ „Не”, ми рече. „Ова е сигурна добивка. Тоа се минутите на кои треба да добиеме смеа или аплауз. Ако не добиеме, можеме да си одиме дома”. Така и беше.
Лежерен со артистите, прецизен како германски фудбал во режијата.
Ниедна претстава не гледавме од публика. Седевме зад сцената. Знам дека си таму, зад сцената, и дека режираш нешто во небесниот театар. И велиш, како и секогаш, „Постои голема опасност… да излезе одлична претстава!”.

Почивај во аплауз од ангелски крилја, маестро мој”, пишува Андоновски до својот другар.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top