Македонија

(ВИДЕО) Го побарале на видеоповик, за два часа пееле заедно

Спасен никого не остава да пее сам

Фолк-пејачот Спасен Силјановски пристигнал во Битола за помалку од два часа откако добил видеоповик од фудбалските ветерани на Пелистер, Тетекс и Борец.

Спасен во повикот слушал како неговите почитувачи ја пејат неговата песна „Мајка“ додека тој бил во својот дом во Скопје по што се качил во автомобилот за заедно со ветераните да го пее легендарниот стих ,,И плачев и пеев”.

Овој неочекуван гест предизвика воодушевување кај присутните во ресторанот и брзо се рашири како позитивен пример на социјалните мрежи.

,,Спасен Сиљановски,
го бараат на видео повик фудбалерите, дури ја пееме неговата Мајка (Спасен дома, во Скопје, во семејна атмосфера седи на кревет) …. по 2ч влегува во Битола во ресторанот..
ЕДИНСТВЕН!

Пелистер – Битола – 🟢⚪
Тетекс – Тетово – 🔵⚪
Борец – Велес – 🔴⚪”, пишува Горан Проја за чинот н Спасен.

Видеото во линкот

https://www.facebook.com/share/v/1BGBPB6oJx/

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top