Македонија

(Видео): Ќе нема поскапување на струјата, рече премиерот

Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти полни и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето за граѓаните и за индустријата. И нема да правиме панични прес-конференции, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние бараме формула да ја намалиме цената или барем да ја зголемиме евтината тарифа, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа, коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на железничката делница Крива Паланка-Деве Баир, Мицкоски истакна дека Македонија успешно се соочува со предизвиците, како што се војната во Перискиот Залив и ситуацијата со нивото на реката Дунав, кои вршат притисоци врз цената на електричната енергија. Порача дека политиката на оваа Влада не е да очајува и да одржува панични прес-конференции, туку да работи тивко, со мали чекори, но успешно и сето тоа да додаде вредност на квалитетот на животот на граѓаните.

  • Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти полни и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето со електрична енергија за граѓаните и за индустријата. И нема да правиме панични прес-конференции, нема да повикуваме на внимателност во штедењето, бидејќи водевме сметка многу порано да не се случи тоа. Јас сум навистина среќен и задоволен што ја поминавме сезоната со наводнување онака како што планиравме, а сепак, во овој период од месецот, 6 август, имаме над 70 проценти полни акумулации и подготвени хидроелектрани да произведуваат електрична енергија – рече Мицкоски.

Тој потсети дека се реализираат капитални енергетски проекти.

  • Се надевам дека во втората половина на август ќе можеме да појдеме на лице место, на терен, да посведочиме како се развива најголемата приватна инвестиција во делот на енергетиката, во делот на обновливата енергија, а тоа е ветропаркот на компанијата „Алказар“ во општините Штип, Карбинци и Радовиш – половина милијарда долари инвестиција во трите фази. И таму мислам дека ќе слушнеме уште една нова вест, но да оставиме инвеститорот тоа да го да го каже. Ние во моментот како земја сме безбедни и комотни, но истовремено правиме план за следните 10 години – рече премиерот.

За жал, предизвиците наследени од минатото се големи, додаде тој.

  • Но, не очајуваме, ги решаваме. Ќе повторам, при решавањето имаме, се разбира, и критика. Јас секогаш како претседател на Владата сум подготвен за аргументирана критика и за политичка дебата, но секогаш ќе се борам против оној талог во општеството што измислува и врз основа на тие лаги и конструкции создава хистерија и се обидува на тој начин да ја нападне работата на Владата. Е тука ќе се бориме цврсто, зашто тој не смее да победи. Мора да победи трудот, чесната и посветена работа и оние што прават стратегија и имаат визија како оваа земја треба да се развива – рече премиерот.

Додаде и дека Македонија нудеше по околу половина евро по литар поевтини горива во споредба со тоа што го имаат соседните земји.

  • Таков е случајот и сега. И тоа е политиката на Владата. Од почетокот на годината имаме исклучително големи три предизвици. Првиот е војната во Заливот, војната во Иран и предизвиците што се случуваат со теснецот. Според сите светски енергетски познавачи, тоа претставува историски најголема енергетска криза. И кога почна таа енергетска криза, односно кога почна тој конфликт, бевме сведоци како голем број европски политичари, вклучително и политичари од регионот, држеа панични прес-конференции, се обидуваа да укажат на предизвикот што се случуваше, а кој тогаш беше на самиот почеток. Зборуваа и за последиците. Ние не очајувавме, не одржувавме панични прес-конференции, напротив, испраќавме пораки на смиреност, дека имаме доволно резерви, дека нема потреба да го ограничиме и извозот од нашите капацитети, дека сме тука да помогнеме и за граѓаните од соседните земји, со тоа што ја одржавме ценовната стабилност. Понудивме на пазарот најниски цени за горивата и на тој начин во одредени денови за 50-тина проценти се зголеми потрошувачката на горивата, поради притисокот што го правеа граѓаните од соседството – истакна Мицкоски.

Тој се осврна и на нивото на Дунав.

  • Денеска имаме втор феномен. Втората најголема река во Европа, Дунав во одредени делови е на најниското ниво во последниве 100 години, а на одредени делови се ближи кон најниското ниво во последниве 100 години. Гледате што се случува со нуклеарните централи во Романија, во Чешка, во Унгарија, со хидропотенцијалот на Србија. Бугарија сè уште колку-толку ја користи, но прашање на ден е кога сето тоа ќе се исклучи. И тоа врши притисок врз цената на електричната енергија. Бидејќи вие со обновливи извори можете да произведувате енергија, но не може таа да биде базна, па дури и да имате батерии инсталирано. Вам ви треба базна енергија. Базна енергија во најголема мера произведуваат нуклеарните централи, коишто во овој момент се исклучија и цените на берзите се огромни. Акумулациите се речиси празни. Но, ние како земја успеавме да направиме стратегија и механизам тоа да не се случи – истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Најнови вести

To top