Македонија

Промовирана „Непокорни Македонци“, авторски првенец на Владимир Поповски (ВИДЕО)

Песната зборува за љубовта кон Македонија, која нè држи обединети кога сè друго се урива, вели пејачот

Владимир Поповски го промовира својот авторски првенец „Непокорни Македонци“.

„Со огромно задоволство, мојата прва авторска композиција !!!

Со оваа песна ја отворам приказната за еден народ, што со векови носи тежини што ретко кој ги разбира. Народ, кој поминал низ поделби, тишини, неправди, прогонства, понижувања и стравови – но никогаш не престанал да стои исправен.
„Непокорни Македонци“ не е само песна.
Тоа е глас на сите, што ги нема во учебниците,
на сите, што ја чувале земјата со срце,
на сите, што ја носеле тагата тивко,
и на сите, што никогаш не се предале.
Овој текст е за:
• нашите прадедовци, што гаснеле во туѓи земји
• нашите баби, што чекале глас од далеку
• сите, што биле разделени со црти на карта
• сите, што биле казнети само затоа што биле Македонци
• сите, што го носат пирејот во душата
• сите, што веруваат дека правдата, колку и да доцни, не заборава
Песната зборува за раните, што болат,
за неправдите, што печат,
за гордоста, што не исчезнува,
и за љубовта кон Македонија, која нè држи обединети кога сè друго се урива.
Ова е почит кон сите непокорни души.
Кон сите, што издржаа, кон сите, што опстанаа,
и кон сите, што денес продолжуваат со крената глава.
Нека оваа песна биде потсетник:
Можат да нѐ делат,
можат да нѐ бришат,
можат да нѐ потиснуваат…
но не можат да ни ја земат душата.
Затоа што ние сме пиреј, што не се суши!!!“, напиша Поповски на фејсбук.
Првото авторско „чедо“ на Влатче на линкот.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top