Македонија

(Видео): Нема повеќе листи на чекање – сè се сработува во предвидениот рок, рече Андоновска

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги расчистил заостанатите предмети и повеќе нема листи на чекање за пристигнатите барања од МАЛМЕД, информира директорката на Институтот. „Некогаш се чекало од три до шест месеци и се имаше натрупано работа, предмети… Некои се чувале и по фиоки, се прашувам зошто!?“, напиша директорката Марија Андоновска. Таа посочува дека со […]

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги расчистил заостанатите предмети и повеќе нема листи на чекање за пристигнатите барања од МАЛМЕД, информира директорката на Институтот.

  • „Некогаш се чекало од три до шест месеци и се имаше натрупано работа, предмети… Некои се чувале и по фиоки, се прашувам зошто!?“, напиша директорката Марија Андоновска.

Таа посочува дека со подобра организација и ангажман успеале да ги сработат заостанатите предмети.

  • „Успеавме да се организираме и сè се сработи, веќе нема листи на чекање. Штом МАЛМЕД ќе пушти барање, кое одговара на законските прописи, се сработува во времето предвидено за тоа“, наведува директорката Андоновска.

Од ИЈЗ порачуваат дека стручноста, посветеноста и ефикасноста се во служба на граѓаните и јавното здравје.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top