Македонија

(Видео) По спектаклот со Гета, „Бисер балкански“ и ора пред Арената „Тодор Проески“

Пет лица приведени, илјадници граѓани се придржувале кон бебедносните протоколи вели полицијата

Screenshot

По спектакуларниот настап на Дејвид Гета, пред Арената „Тодор Проески“ продолжи прославата со „Бисер балкански“ и македонски ора.

Публиката се забавуваше и пееше во празнична атмосфера, со македонска музика и традиција.

Инаку, со концертот на Дејвид Гета беше заокружена прославата за 35 години независна Македонија.

Илјадниците посетители кои присуствуваа на концертот на Дејвид Гета во Скопје не предизвикале посериозни безбедносни проблеми, а целокупниот настан поминал во мирна атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.

Во текот на концертот биле регистрирани две нарушувања на јавниот ред и мир, по што полицијата привела пет лица.

Од МВР наведуваат дека немало поголеми проблеми при обезбедувањето на Арената „Тодор Проески“, ниту во сообраќајот околу објектот. Движењето на посетителите пред почетокот и по завршувањето на концертот се одвивало без значителни застои.

Полицијата го оценува настанот како исклучително мирен од безбедносен аспект, со оглед на големиот број присутни.

Според МВР, концертот завршил без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и без инциденти што би ја нарушиле безбедноста на посетителите.

Најнови вести од: Македонија

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top