Македонија Бизнис

Владата задоволна од постигнатиот конзенсус меѓу Софија и Скопје за изградбата на пругата од Коридорот 8

Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени како исклучително успешна средбата што вчера се одржа во Брисел меѓу македонската и бугарската делегација, а на која се разговараше за завршување на прекуграничните делови и заедничкиот тунел од железничкиот Коридор 8.

Премиерот, Христијан Мицкоски средбата во Брисел меѓу двете делегации на Македонија и на Бугарија за доизградба на железничката пруга од Коридорот 8 и заедничкиот тунел ја оцени како исклучително успешна.

  • Очекувам дека овие средби ќе резултираат со следниов резултат: Ние да ја завршиме делницата од пругата Коридорот 8 од Крива Паланка до влезот во тунелот, од излезот на тунелот до приклучувањето со постоечката пруга, тоа се два или три километри, да се направи проект и тоа да го реализира Бугарија, како држава, вклучително и модернизација на целокупната пруга од Ѓуешево до Софија, а тунелот да биде заеднички проект, којшто ќе биде финансиран од страна на Европската унија – изјави премиерот Мицкоски за постигнаттиот договор во Брисел за железниката пруга со Бугарија, која е дел од Коридорот 8.

Тој посочи дека  ова се отприлика концептите, кон кои треба да конвертира решението и како што рече „јас сум задоволен, што покажуваме дека можеме да изградиме конзенсус, кога станува збор за заедничкиот интерес“.

Министерството за транспорт соопшти денеска дека во Брисел се одржал состанок на кој присуствувале Државниот секретар на Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Волкановски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а во организација на Валентина Суперти, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и Источно соседство (ДГ ЕНЕСТ).

Како што денеска информира Министерството за транспорт, на состанокот во Брисел се договорија чекорите во следните месеци, а меѓу приоритетите е повторно објавување на тендерот за работите на железничкиот дел меѓу Крива Паланка и влезот на прекуграничниот тунел до крајот на 2025 година од страна на Македонија.

За заедничкиот проект за изградба на прекуграничниот тунел меѓу Ѓуешево и Деве Баир, двете страни се договорија да формираат работни групи што до крајот на јули ќе го финализираат текстот на меѓувладиниот договор со цел да се утврдат конкретните обврски на двете страни на техничките, финансиските, градежните и оперативните аспекти.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top