Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: По 7 години стагнација Македонија се развива – пуштени 6 патишта за една година

По 7 годишна стагнација, Македонија почна да развива, модернизира и трансформира, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. За период од една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа како со посветена и чесна работа се градат темелите и државата инфраструктурно се транформира и модернизира. Се започнаа и се завршуваат големи инфраструктурни проекти, се вели во соопштението. „Пуштен е во употреба […]

По 7 годишна стагнација, Македонија почна да развива, модернизира и трансформира, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

За период од една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа како со посветена и чесна работа се градат темелите и државата инфраструктурно се транформира и модернизира. Се започнаа и се завршуваат големи инфраструктурни проекти, се вели во соопштението.

„Пуштен е во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид. Делницата Пресека-Песочани ќе се вози по нов автопат. По години на застој, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да го откочи еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти. Ова ќе значи и повеќе туристи, повеќе работни места, а автопатот ќе го позиционира Охрид како попривлечна и постабилна дестинација за туристи“, соопшти партијата.

Ова е 6. делница која што е пуштена во употреба. Пуштени се во употреба и делниците Градско-Фариш, Фариш-Дреново, Страцин-Крива Паланка, Гевгелија-Валандово и Охрид-Свети Наум, се додава во соопштението.

„Се пушти во употреба дел од експресниот пат Градско-Прилеп, на потегот Градско-Дреново, вреден 37,4 милиони евра. Експресниот пат Дреново- Фариш, кој значително го скратува патувањето и го зголемува квалитетот на сообраќајната безбедност. Експресниот пат Ранковце- Крива Паланка (потег Страцин), во должина од 26 километри и вредност од речиси 98 милиони евра. Целосно се реконструира регионалниот пат Охрид-Свети Наум, во должина од 25 километри, вреден 12 милиони евра. Со упорност, посветеност и заедничка работа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги реализира и најкомплексните проекти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top