Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче се амбасадор на парите и интересите на Бугарија, која негира се што е македонско!

„На официјална Софија и пречи се и секој, што застанува во заштита на македонските вредности, на државните интереси на Македонија и на секој граѓанин. Токму во ова предводат ВМРО-ДПМНЕ и лидер на партијата и премиер Христијан Мицкоски и оттука се нападите врз нив“ – нагласува владејачката македонска партија.

„Структури на СДС поддржуваат опасна бугарска пропаганда, која има за цел негирање се што е македонско. Амбасадор на бугарските интереси и пари во Македонија е СДС, и Венко Филипче.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Јасно е дека на официјална Софија ѝ пречи се, што застанува во заштита на македонските вредности и државните интереси во Македонија. Јасно е зошто се нападите врз ВМРО-ДПМНЕ, и пред се, претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски: бидејќи е тој предводник на политиката за заштита на интересите на Македонија и секој еден граѓанин.

Но, тешко е да се поверува што структури од опозициската СДС поддржуваат ваква антимакедонска пропаганда од Бугарија. Срамно е однесувањето на овие структури од СДС,  кои ги поддржуваат ваквите активности од Бугарија, имајќи притоа една единствена цел: заштита на личните бизнис-интереси. Бугарите со пропагандата имаат јасна цел и за неа се во игра многу пари. Но срамно е однесувањето на структурите во СДС, предводени од Венко Филипче, што се вклучуваат во ова.

Јасно укажуваме: секој граѓанин ги има прочитано внатрешните структури, кои се вклучуваат во ваква противмакедонска пропаганда. Секој граѓанин знае кој се грижи за нивниот интерес и интересите на Македонија. СДС нема намера да се вклучи во заштита на интересите на Македонија, туку да ги распродава. – порачува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top