Македонија

Во функција четвртата целосно сервисирана локомотива

Железници Транспорт АД Скопје денеска во функција ја пушти 4 -тата локомотива која е целосно сервисирана, а која поради неодржување од претходното раководство на компанијата беше надвор од експлоатација од 2023 година. Се работи за една од четирите локомотиви кои се набавија во 2018 година, а кои поради неконтинуираното сервисирање беа надвор од употреба повеќе […]

Железници Транспорт АД Скопје денеска во функција ја пушти 4 -тата локомотива која е целосно сервисирана, а која поради неодржување од претходното раководство на компанијата беше надвор од експлоатација од 2023 година. Се работи за една од четирите локомотиви кои се набавија во 2018 година, а кои поради неконтинуираното сервисирање беа надвор од употреба повеќе од две години.

Од Железници истакнуваат дека во овој момент на располагање се вкупно 13 возови и локомотиви со кои значително се задоволуваат потребите на меѓународниот и внатрешниот железнички сообраќај.

Со враќање во функција на оваа локомотива целосно се покриваат потребите за железничкиот товарен сообраќај, што не беше случај пред една година кога немаше ниту една функционална локомотива за карго транспорт.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top