Македонија

Во име на подвизи на голем светец Оливер Спасовски посакува духовен мир

Зборува за живот со очистено срце и просветлен ум

Екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на верниците им посакува духовен мир со честитка која ја упатува во име на подвизите на голем светец.

Спасовски честитката во име на светецот ја упатува откако заедно со градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски и пратеникот Љупчо Николовски присуствувал на Света Божествена Литургија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски, по повод празникот на чудотворецот кој е патрон на манастирот и светец-закрилник на Крива Паланка.

 

Свети Јоаким Осоговски бил светител и Божји угодник, кој не бил само човек кој правел подвизи и дал пример само за тоа време, туку подвизи за пример за сите генерации, за тоа како се живее со очистено срце и просветлен ум, на еден повисок духовен степен, пишува Спасовски кој се обраќа во име на подвизите на светецот.

 

,,Во име на подвизите на овој голем светец, на сите православни верници им посакувам добро здравје и духовен мир.

 

Нека е за честит и за многу години празникот на Св. Јоаким Осоговски!”, пишува Спасовски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top