Македонија

Во јули регистрирани 11 нови случаи на ХИВ

Од нив деветмина се мажи, а две жени, додека најмладиот има 20 години

За еден месец во земјава се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА – покажуваат податоците од месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЗЈ) за движењето на акутните заразни заболувања. Според пријавеното, деветмина од заразените се мажи, а две жени. Пациентите се на возраст од 20 до 49 години.

„Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.06.2026), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во  Македонија, за периодот од 1987 до 2026 година, изнесува 765 и тоа: 141 починато лице, 508 лица кои живеат со ХИВ/СИДА и 116 лица кои се водат како изгубени за следење (иселени)“, се наведува во Билтенот на ИЈЗ

Од другите сексуално и крвно преносливи инфекции, во јули се пријавени седум случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б и по еден случај со гонореја, инфекција со хламидија и вирусен хепатит Ц.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top