Македонија

Во клиниката за инфективни болести во Скопје двајца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје.


Доктор Фадил Цана посочи дека сите седум пациенти се од неколку населби од Скопје, а само еден од нив патувал во Грција. Тројцата за кои дополнително се прават анализи за да се утврди дали го имаат вирусот, појасни Цана, исто така се од Скопје. „Значи седум се потврдени и кај тројца постои големо сомнение дека може да се работи за истата инфекција. Шеесет и шестгодишниот пациентот е хоспитализиран на 26 јули и поради влошување на неговата здравствена состојба и според проценка на лекарите од одделот за интензивна нега, е интубиран и поставен на механичка вентилација. Тој не патувал надвор од државата и има многу коморбидитети. Сите други пациенти се на возраст над 60 години и со многу коморбидитети, Тие се стабилни се и се лекуваат според сите современи медицински протоколи. Таа возрасна група е изложена на најтешката инвазивна форма на вирусот“, посочи д-р Цана.

Во врска со тоа дали кога лица со вирусот ќе бидат хоспитализирани на Инфективната клиника можеби во стабилна состојба може понатаму да дојде до нејзино влошување, рече дека апсолутно може да дојде до влошување на нивната здравствената состојба и дека не може никој да го процени како вирусот ќе дејствува во организмот.

„И затоа стручна проценка на инфектолозите е дека треба да се хоспитализираат, да се следат и да се мониторираат. Со оглед на тоа што се работи за заразно вирусно заболување, за кое според сите светски протоколи, се знае дека нема некој специфичен лек, туку се третираат симптомите (супортивна поддршка), доколку нивната здравствена состојба се влошува, се постапува според сите светски современи протоколи на лекување на ваков вид заболување. Од сите седум случаи, само едно лице патувало во Грција, а сите други се од неколку населби во Скопје. Клиниката за инфективни болести останува отворена за згрижување пациенти и е во целосна координација со надлежните здравствени власти. Граѓаните треба да ги следат препораките од надлежните служби“, додаде д-р Цана.

Најнови вести од: Македонија

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

To top