Македонија

Во Скопје слетаа прекуокеански авиони со учесници од Олимпијада

На аеродромот слета уште еден широкотрупен авион на етиопската компанија „Етиопијан“, од типот „боинг 787 – дримлајнер“, со капацитет од 270 седишта кој довезе спортисти од Париз.

Еден од најсовремените патнички авиони, Ербас А350, за првпат слета на Меѓународниот Аеродром Скопје. Како што соопштија од аеродромот, авионот пристигна на редовната утринска линија на „Туркиш Ерлајнс“, пренесе СДК.мк. Оттаму додаваат дека ова слетување на има и симболичен почеток, бидејќи меѓу патниците имаше и млади спортисти и делегации кои ќе учествуваат на Европскиот младински олимписки фестивал „Скопје 2025“.

Попладнево на аеродромот слета уште еден широкотрупен авион на етиопската компанија „Етиопијан“, од типот „боинг 787 – дримлајнер“, со капацитет од 270 седишта кој довезе спортисти од Париз.

Широкотрупниот авион на „Туркиш ерлајнс“ , кој вообичаено се користи за долги прекуокеански летови, што слета во Скопје, има капацитет од 32 седишта во бизнис класа и 297 во економска класа. Најавено е дека истиот тип на авион повторно ќе лета помеѓу Истанбул и Скопје на 27 јули.

Иако Меѓународниот Аеродром Скопје не е типично опремен за прием на најголемите „џамбоџет“ авиони како што се „ербас“ А350 , „ербас“ А330, или „боинзите“ 787 и 747 поради должината на пистата и инфраструктурата, ова не е првпат големи летала да слетуваат тука. За време на косовската криза во 1999 година, на аеродромот слетуваа воени транспортни авиони Ц-5 Галакси на американското воено воздухопловство. Исто така, во мај истата година, широкотрупни авиони од типот Боинг 747, изнајмени од Меѓународната организација за миграција (ИОМ), беа користени за транспорт на косовските бегалци во САД, превезувајќи по околу 450 патници на лет, 
Исто така, воениот авион Ц-17 е чест посетител на скопската писта, кој се користи за транспорт на персонал и возила за време на вежбите на НАТО и Армијата на САД. На Скопскиот аеродром во сабота (19 јули) беше забележан зголемен обем на сообраќај бидејќи поради младинскиот олимписки фестивал слетаа уште десетина авиони на вонредни линии. Европскиот младински фестивал почнува на 20 јули и во Скопје ќе се натпреваруваат 4.000 спортисти од 50 држави.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top