Македонија

Во судар на „ауди“ и „голф“ – тројца повредени (ВИДЕО)

Со телесни повреди, двајца од биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, а третиоит во Градската општа болница „Св. Наум Охридски

Синоќа, малку по 19 часот, на крстосницата меѓу улиците Македонско-косовска бригада и Втора македонска бригада во Чаир се случила сообраќајка во која, во судир на две возила биле повредени три лица.  . Несреќата се случила вечерва во 19:10 часот, а повредените со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во две болници.

Според информациите од МВР, во судирот учествувале автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот С. С., и „ауди“ со косовски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 32-годишниот А. М. од Косово.

Повреди добиле возачот на „голфот“ и неговиот сопатник С. М. Двајцата биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде што им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје. Засега, во доставените информации не се наведени причините за судирот.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top