Македонија

Во здравството недостигаат 6.000 медицински сестри

Во последно време има тренд на заминување на наши медицински сестри и во Словенија и во Хрватска…

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За нас“ апелира да се отворат конкурси за вработување медицински сестри, бидејќи недостигаат 6.000.

Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во тек се вработувања на 240 медицински сестри и дека планирано е во следниот период да има вработувања на двојно поголем број медицински сестри во јавните здравствени установи низ државата.

„Според податоците од Институтот за јавно здравје, во Македонија има 9.200 медицински сестри, што значи дека се работи за многу мал број според бројот на жители. Во државава недостигаат околу 40 проценти медицински сестри и ако треба да бидеме 14.000, 15.000 медицински сестри, значи недостигаат околу 6.000 “ вели во изјава за МИА претседателката на Унијата на здруженијата, Гордана Бешлиоска.

Таа посочува дека во последно време има тренд на заминување на наши медицински сестри и во Словенија и во Хрватска, каде има комори на медицински сестри, признаено им е образованието, личните доходи им се многу повисоки, има континуирани и отворени конкурси и веднаш можете да се вработите.

„Не може да ви се одлеваат медицински сестри во пензија, да имате сестри со договор на дело, да не ги вработувате со години во болниците. Тоа е невиден парадокс. На тој начин сами ги бркаме да си одат. Во болници во земјите од регионот има преквалификации од една специјалност во друга, ги доедуцираат и надградуваат за да можат да ги надополнат критичните единици и интезивните неги – вели Бешлиоска и посочува дека мора да има континуирани конкурси, како што има во Србија, Хрватска и другите земји во регионот.

Од Министерството за здравство наведуваат дека во јавните здравствени установи на примарно, секундарно и терциерно ниво низ државата, почнат е процесот за надополнување на дефицитарните кадри.

„До овој момент се добиени согласности за вработување на вкупно 240 медицински сестри. За поголем дел од нив постапката за вработување е завршена, а за останатиот дел постапката за вработување е во тек. За илустрација, за Здравствен дом Скопје, од вкупно добиени 117 согласности за нови вработувања, опфатени се 33 медицински сестри, во ЗД Крива Паланка се добиени согласности за шест медицински сестри, во ЗД Вевчани за четири медицински сестри, во ЗД Струмица – три патронажни сестри, во ЗД Штип – за две медицински сестри, како и во други јавни здравствени установи“.

Од Министерството.додаваат дека се планира во следниот период да има вработувања на двојно поголем број медицински сестри во јавните здравствени установи, што ќе се реализира по завршување на постапката и обезбедување на потребните согласности од надлежните институции.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top