Македонија

Водостојот на Преспанско Езеро се зголемил за речиси метар и половина

Изминатите неколку години состојбата со Езеротп беше крајно алармантна – водниот басен неконтролирано се намалуваше, а цели брегови остануваа пресушени

 

Од секторот за животна средина од Општина Ресен велат освен што Преспанското Езеро се полни, трендот на празнење на езерото го нема,а во просек со уште две вакви Хидролошки години нивото на езерото ќе се врати како во 2000 година.

Имено, за шест месеци  водостојот на Езерото се зголемил за речиси метар и половина , објави ТВ24

Добра вест велат екологистите е што се намалува и загадувањето на почвата кое беше еден од причините за лошата состојба на езерото, бидејќи се повеќе овоштари се насочуваат кон органско производство и употреба на органски препарати и ѓубрива.

Изминатите неколку години состојбата со Преспанското Езеро беше крајно алармантна. Водниот басен неконтролирано се намалуваше, а цели брегови остануваа пресушени на површината.

Оваа пролет езерото „дише“ малку полесно поради дождовите, но севкупниот волумен на вода е за околу 60% помал во однос на состојбата од пред шест децении, што бара постојана будност и долгорочни решенија.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top