Македонија

Возач му се развика на дечко кој пишуваше стихови од Петре М. Андреевски под Железничка

Јавноста се подели

Screenshot

Видео снимено под Железничката станица во Скопје предизвика жестока дебата на социјалните мрежи, откако дечко бил снимен како на еден од ѕидовите испишува стихови од „Дениција“ на Петре М. Андреевски.

На снимката се слуша возач кој нервозно му се обраќа на момчето со зборовите: „Кој ти даде право да ч’крташ бе? Кој ти даде право?“, на што добива вулгарен одговор: „Мајка ти“.

Видеото било објавено на страницата „Ѕид на срамот“, а реакциите потоа се поделија во две насоки – едни го осудуваат испишувањето на јавна површина и однесувањето на момчето, додека други сметаат дека стихови од Петре М. Андреевски не треба да се поистоветуваат со обично „чкртање“.

„Дениција не е чкртање, другар, едукација е. Културата пречи само на тие што ја немаат“, гласи еден од коментарите.

Друг корисник пишува дека можело „културно да му се каже дека не требало така“, но додава дека прво треба да се разберат човекот и неговата потреба за уметнички израз.

Има и коментари во кои се посочува дека Петре М. Андреевски е еден од најзначајните македонски автори и дека испишувањето на стихови од „Дениција“ има поинаква тежина од обичен графит.

„Стихови луѓе, стихови. Врвни!“, пишува една корисничка.

Но, другата страна на дебатата го отвора прашањето за правото некој самоволно да пишува по јавен простор.

„А кој ти даде право да чкрташ бе“, коментира еден корисник, додека друг забележува дека дома секој може да ја изразува својата креативност, но на јавна површина тоа е поинакво прашање.

Особено внимание привлече и фактот што Железничката станица пред само околу два месеци беше темелно расчистувана. Тогаш беа отстранети бројни графити и билборди, ѕидовите беа пребојадисани, а просторот беше чистен во обид да добие поуреден изглед.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top