Македонија

ВРЕДИ: ДУИ го избегнува ветингот затоа што целото раководство ќе треба да оди во длабока политичка пензија

Пет месеци по „свечената” Декларација за внатрепартиски ветинг, ДУИ нема ниту резултати, ниту механизам, ниту храброст да се соочи со сопствениот криминален врв. Кога сфатија дека вистинското прочистување мора да почне од нив самите, едноставно се повлекоа. ДУИ престана да зборува за ветинг, реагираат од Коалицијата Вреди. „ДУИ го избегнува ветингот затоа што целото раководство […]

Пет месеци по „свечената” Декларација за внатрепартиски ветинг, ДУИ нема ниту резултати, ниту механизам, ниту храброст да се соочи со сопствениот криминален врв. Кога сфатија дека вистинското прочистување мора да почне од нив самите, едноставно се повлекоа. ДУИ престана да зборува за ветинг, реагираат од Коалицијата Вреди.

„ДУИ го избегнува ветингот затоа што целото раководство ќе треба да оди во длабока политичка пензија.

Коруптивниот список на ДУИ е јавен и долг:

Бујар Османи имаше предмет на СЈО против него, за криминал, за набавки, за кражба од здравството. Предметот мистериозно исчезна!?СЈО тврдеше дека министерот Бујар Османи имал криминални набавки додека бил бил одговорен за здравството. Бујар Османи имаше коруптивни скандали со јавни набавки од фирми блиски до него за време на целиот негов мандат во МНР?

Но уште поважно, Бујар Османи стана главен фактор за соработка и зближување помеѓу Северна Македонија и Србија со оддржани многу јавни и многу тајни средби и со поддржани многу билатерални и мултилатерални иницијативи за интегрирање на двете држави.

Семејството на Али Ахмети  е „стебло” на фирми што вртат милиони преку државни тендери. !Се градат централи, се купуваат трговски центри, инвестици, се тргува со бензин и мазут.?

Скоро и да нема член на семејството на Ахмети кој не стане бизнисмен и кој не се поврза со сомнителни фирми од Македонија и Косово.

Блерим Беџети – „вечниот функционер” кој му доделуваше пари на најблиските преку скопските комунални претпријатија. Блерим Беџети важи за најблизок извршител на договорите на Сашо Мијалков и Артан Груби во судството.!

Муса Џафери као „сива еминенција” со непријавен имот во Горно Нерези, кого ДУИ цинично го промовира во својот „ветинг”. Функционер од скоро 30 години кој ќе оди низ државата и ќе зборува дека треба ново време и нови луѓе. Човек кому бизнисот за препродажба на струја му е позначаен од било кој Албанец и неговите потреби.

Колку подолго ДУИ го одложува вистинскиот ветинг, толку подолга станува листата на афери. Декларацијата за борба против корупција им служеше само за дневен маркетинг.

ДУИ не упева да си стои на зборот ниту кога е во опозиција. Бараме независна, јавна ревизија на имотот и тендерите на сите функционери на ДУИ, целосна одговорност за секој коруптивен случај, почнувајќи од именуваните лица и вклучување на меѓународни антикорупциски експерти за надзор на процесот. Бараме прочистување на политичката сцена на Албанците од луѓе со сомнително минато и стратешки гршни политики. Ако ДУИ тоа сама не го направи, на овие избори ќе го направат гласачите. ДУИ знае дека е време да се соочи со вистината“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Не е отпуштен ниеден наставник, вработен на неопределено време, иако има 200 паралелки помалку во основното образование, а во средното 100 помалку

Министерката Јаневска очекува годинава природно да бидат затворени 26 рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои, како што рече „наводно учат“ од пет до осум деца. Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. […]

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

Најнови вести

To top