Македонија

ВРЕДИ ги усогласила имињата на новите министри во Владата

Беким Сали ќе биде кандидат за функцијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за ресорот животна средина

Во Коалицијата Вреди се усогласени новите министерски позиции, по изборот на Изет Меџити за градоначалник во Чаир, посочуваат извори од коалицијата за МИА. Од Владата пак за МИА велат дека до нив Вреди се уште нема доставено предлог и очекуваат како што денеска кажа премиерот Христијан Мицкоски тоа да се случи најдоцна до понеделник.

Според извори во коалицијата Вреди, Беким Сали ќе биде кандидат за функцијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за ресорот животна средина, додека Башким Бакиу ќе биде предложен за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу. Алиу, пак, треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации.

Актуелниот министер за евроинтеграции Орхан Муртезани е номиниран за амбасадор во Брисел.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите кажа дека очекува имињата на новите функционери, Вреди до него да ги достави в понеделник, откако ќе бидат искристализирани, но, дополни дека тоа се оние имиња, кои горе долу циркулираат во јавноста.

– Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top