Македонија

Вреди ја прослави изборната победа во Тетово: Го испративме Али Ахмети во политичка пензија, следи нов почеток!

„Време е Али Ахмети да поднесе оставка, а ДУИ да се реформира, ако сака да преживее како партија на политичката сцена.“ – посочи шефот на централниот изборен штаб на коалицијата Вреди Аднан Азизи.

Коалицијата Вреди одржа прослава за изборната победа на плоштадот во Тетово по победата на Билал Касами и нивните кандидати за градоначалници во неколку други општини. Лидерите на Вреди, меѓу кои Изет Меџити, Зеќирија Ибрахими, Билал Касами и Арбен Фетаи, изјавија дека ова е крај на ДУИ и еден нов почеток.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.

Натаму порталот наведува: Зеќирија Ибрахими рече дека она што го кажале пред 11 години, го оствариле, испраќајќи го Али Ахмети во пензија. „Тој тогаш не веруваше во тоа што му го кажавме, но, еве, вечерва Али Ахмети отиде во политичка пензија.“ – нагласи Ибрахими.

Изет Меџити рече дека Вреди сега има легитимитет насекаде. „Честитки за победата на Албанците. Вечерва почнува ветерот на новите промени. Гласачот вечерва запечати дека Вреди има легитимитет.“ – напомна Меџити.

Билал Касами им се заблагодари на гласачите, нагласувајќи дека додека ДУИ бараше референдум, Вреди понуди проекти, кои ги избра народот. „Тие побараа референдум, ние понудивме градоначалници и проекти, а народот ги избра градоначалниците и проектите, што ќе ги реализираме за доброто на граѓаните.“ – рече Касами.

Арбен Фетаи истакна дека заминувањето на Арбен Таравари не му направило никаква промена во Вреди и оти ниту неговото преминување во ДУИ не му помогнало ниту нему, ниту на ДУИ. „Коалицијата Вреди е еден здив. Арбен Таравари си замина и немаше никаква промена. Тој ништо не му донесе на Али Ахмети, исто како што ништо не му донесе ниту на Зијадин Села. Тие беа еднакви на нула, тие беа еднакви на ништо.“ – рече Фетаи.

Претходно шефот на централниот изборен штаб на Вреди Аднан Азизи изјави дека коалицијата ги освоила речиси сите општини каде што била во вториот круг и оти сега е втора најголема политичка сила на државно ниво. Тој ги истакна убедливите победи во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга и Долнени, со голема разлика во гласовите. Азизи побара оставка од Али Ахмети, велејќи дека на ДУИ ѝ се потребни реформи. 

Бесар Дурмиши изјави дека граѓаните на Тетово ја потврдиле одлуката од 19 октомври повторно на 2 ноември, овој пат со разлика поголема од 5 илјади гласови. Тој нагласи дека изборниот процес бил мирен, без уцени, или притисок од владата, и без никакви инциденти. Според него, сè поминало непречено и во некои населени места е постигната плебисцитарна победа. – објави „Порталб“.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

To top