Македонија

„Вреди“: „Отворен Балкан“, казина и корупција: наследството на ДУИ

Пртијата на Црната листа, Демократската Унија за Интеграција, со функционери обвинети за корупција и контрола над судството, која им служеше на антиалбанските интереси повеќе од две децении, денес има дрскост да обвини дека наводно Република Северна Македонија се внесува во „српскиот свет“, велат од ВЛЕН. „Токму оваа политичка партија со години ги затвораше очите пред […]

Пртијата на Црната листа, Демократската Унија за Интеграција, со функционери обвинети за корупција и контрола над судството, која им служеше на антиалбанските интереси повеќе од две децении, денес има дрскост да обвини дека наводно Република Северна Македонија се внесува во „српскиот свет“, велат од ВЛЕН.

„Токму оваа политичка партија со години ги затвораше очите пред дестабилизирачките проекти на Србија во регионот, станувајќи нивна алатка на сметка на Албанците и граѓаните на оваа земја. Тоа е партијата чии главни функционери се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков. Јавно прашуваме, дали заборавија дека токму поранешните функционери на ДУИ ентузијастички ја прифатија иницијативата „Отворен Балкан“, најважниот српски геополитички проект по распадот на Југославија, само за да ги зачуваат привилегиите на својот политички клан? Дали заборавија дека токму тие се наредија рамо до рамо со Вучиќ и Дачиќ, станувајќи промотори на идејата „Отворен Балкан“ во време кога Албанците гласно се спротивставуваа на овој проект што им служеше на српските интереси и беше целосно против Република Косово? Да не заборавиме, дали токму моќните на ДУИ, Артан Груби и Перпарим Бајрами, главни партнери во бизнисот со казината беа високи експоненти на српското подземје. Замислете ја иронијата, ДУИ, која сервилно ги пречекуваше и ги придружуваше српските функционери со црвени теписи во Македонија, денес продава патриотизам преку стерилни изјави. Отидоа дотаму што Бујар Османи го донесе шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Македонија. Целата нивна „патриотска“ пропаганда е само фасада за да ги сокријат неуспесите и корупцијата што ја имаат на своите рамена“, велат од коалицијата

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top