Македонија

Вреди: Скопје–Блаце влегува во завршна фаза! Завршуваат манипулациите и блокадите од претходните влади!

Вреди ѝ одговара на предизборната пропаганда на ДУИ околу патот Скопје-Блаце: Овој проект со години се користеше како политичка алатка во изборните кампањи без конкретна реализација. Но, сега следи нова динамика и Скопје–Блаце е поблиску до реализација од кога било досега.

По децении чекање, проектот за изградба на патниот правец Скопје–Блаце, клучна врска кон границата со Косово, влегува во завршна фаза. Јавното претпријатие „Државни патишта“ веќе ги започна постапките за јавна набавка за подготовка на конечниот  проект за изградба на трасата. Коалицијата Вреди порачува дека овој „чекор е јасен сигнал за завршување на долгогодишните манипулации и блокади од страна на претходните влади“. „Наместо празни ветувања, сега следуваат конкретни дела и резултати. Само една година по влегувањето во Владата Вреди носи решенија, а не алиби. Ова е само почеток на нова ера за инфраструктурата – ера на отчетност и вистинска работа.“ – укажува Вреди.

„Проектот Скопје–Блаце со години се користеше како политичка алатка, често споменуван во изборни кампањи без конкретна реализација. Сега се работи на терен, а не пред камери.“ – истакнува Вреди.

„Овој пат не е само инфраструктурна врска, туку симбол на нов почеток за Албанците – пат кон економски развој, европска интеграција и заемно почитување. Со овој проект се испраќа порака дека крајот на застојот е почеток на нова динамика во патната инфраструктура, а Скопје–Блаце е поблиску до реализација од кога било досега.“ – наведува во своето соопштение коалицијата Вреди.

 

“, истакнуваат од коалицијата.


Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top