Македонија

Времен сообраќаен режин на граничниот премин Делчево

Известување за времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

Ги известуваме граѓаните дека од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.

За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања.

Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот. Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top