Македонија

Заев и Филипче сакале да добијат сопствеништво врз болницата „Жан Митрев“(ВИДЕО)

Барале начин токму во периодот кога врз д-р Митрев се водеше медиумска и судска хајка за наводни измами на пациенти при лекување за време на короната

Екс-премиерот Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, во екот на судската хајка против познатиот кардиохирург, обвинет за наводни измами на пациенти при лекување во корона-кризата.

Ова во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа директно го потврди д-р Митрев.

Доктор Жан Митрев tврди дека врз него се правел притисок од поранешната власт да ја преземат неговата клиника.

Конкретно Зоран Заев и Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, во периодот кога врз д-р Митрев се водеше медиумска и судска хајка за наводни измами на пациенти при лекување за време на короната.

На прашање на водителот Богдан Илиевски дали потврдува „дека имало заинтересираност од Зоран Заев и од Венко Филипче да најдат пат до сопствеништво врз вашата болница, Д-р Митрев со одговор:

„Да, имаше такви реални контакти. И на писмено, не само вака…“

Во продолжение  д-р Митрев објасни дека на заинтересираните за преземање удели во болницата им објаснил дека освен што биле замрзнати неговата лична сметка и сметката на болницата, Обвинителството ставило забрана и за продажба на удели.

После една недела се случило „чудо“: сметките останале замрзнати, но забраната за продавање удели била симната, рече Д-р Митрев.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top