Македонија

Жестоките великобугарски оспорувања на македонскиот јазик на Никола Киров Мајски во 1923 – еднакви како и денешните негирања во Европарламентот

Денес се навршуваат 145 години од раѓањето на Никола Киров Трајков -Мајски (Крушево, 28. VI 1880 – Софија, 2. VIII 1962) – македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација, национален и просветен деец, историограф, општественик, драмски автор, поет, раскажувач, мемоарист и хроничар на Крушево. Во текот на учебната 1898/99 година во егзархиската гимназија  во Битола, […]

Денес се навршуваат 145 години од раѓањето на Никола Киров Трајков -Мајски (Крушево, 28. VI 1880 – Софија, 2. VIII 1962) – македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација, национален и просветен деец, историограф, општественик, драмски автор, поет, раскажувач, мемоарист и хроничар на Крушево.

Во текот на учебната 1898/99 година во егзархиската гимназија  во Битола, како член на ученичката група „Удостоените“, Мајски учествува во ученичкиот бунт против егзархиската администрација и владиката Григориј. Поради тоа е исклучен  од гимназијата. Образованието го продолжува во Солунската машка гимназија, каде што се оформува како револуционерен деец и се вклучува во Македонската револуционерна организација. По завршувањето на школувањето, во учебната 1902/3 година  станува учител во леринското село Баница. За време на Илинденското востание Никола Киров учествува како секретар на штабот на крушевските востаници. Со Никола Карев, претседателот на Крушевската република биле братучеди. Го пишува „Крушевскиот манифест“ од 6 август 1903 година.  „Крушевскиот Манифест“ се обраќа кон нехристијанското месно население во востанатите региони.  Потсетувајќи се за последните мигови на Крушевската република Мајски ќе забележи: „По наредбата на офицерот, (турската) војска помина покрај труповите на нашите борци и со истрели во воздух им одаде почит. Бахтиар дозволи паднатите на Слива да бидат прибрани од домашните и погребани според христијанските обичаи.“

По Илинденското востание, се до објавувањето амнестија Мајски останува како раководител на месниот револуционерен комитет, а потоа се враќа во леринското село Баница и работи како учител во 1905/06 година. Во предвечерието на Балканските војни, за време на посетата на Струга, Мајски дознава за ултиматумот на балканските сојузници доставен на Турција. Коментирајќи го ултиматумот и улогата на Бугарија тој ќе каже: „Кој ѓавол ја принудил да се договара со своите соседи и да упатува ултиматуми за нас, без наше знаење и желба. Зошто таа не го стори тоа во времето кога ние бевме една моќна сила, кога ВМРО се почитуваше еднакво и од Турција, и од балканските држави…? Зошто не влезе во договорни односи со Србија и Грција за заемно откажување од завојувачката политика и не побара интервенција од големите сили за правилно разрешување на македонското прашање? Какви ли расходи ќе платиме ние Македонците наспроти илуминациите на балканските држави во случај ако Турција го отфрли ултиматумот и се објави војна? Каков ли грозен можеби уште погрозен и пострашен ропски јарем од досегашниот, ќе ни наврте на вратот завојувачката политика на непријателите на борбена Македонија. Бидете проклети, о, браќа- небраќа! “ .

По војните Мајски го напушта Охрид и со целото семејство емигрира во Бугарија, каде завршува право во Софискиот универзитет. Работел како учител и финансов службеник, но не престанува со револуционерните активности. Мајски се оддава на организационо-политичка и книжевно-публицистичка дејност.  Тој е еден од организаторите на Македонската федеративна организација станува и еден од редакторите и соработниците на нејзиниот орган „Автономна Македонија“. Мајски објавува низа свои прилози, а во 1923 година во „федералистички дух“ ја објавува драмата на македонски јазик „Илинден“ во која за првпат на јавноста и го претставува „Крушевскиот манифест“. Оваа драма со поднаслов „Слики од великото македонско востание пред 1903 година“ е првиот текст печатен на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни. Токму јазикот на кој е напишана ќе биде повод за жесток напад на критиката врз Мајски од бугарските критичари, па дури и од членови на Централниот комитет на ВМРО. Критичарите сметале дека оваа драма требало да биде напишана на бугарски јазик, а не на „некој нечист македонски дијалект“. Го обвинувале Мајски дека прави „смел обид да создаде македонски литературен јазик, кој не постои“.

Разбрануваната бугарската интелигенција на тоа време тврдела дека „Крушевскиот манифест“ бил напишан на „прост бугарски книжевен јазик“ и оти Мајски 20 години подоцна „направил фалсификат на овој важен документ за бугарската историја“. На Бадев му пречеле обидите на Мајски својот македонски јазик да го наметне во публицистиката и политичко –правната документација. Според Бадев, ова дело е „сквернавење и насилство врз јазикот и тоа го лишува од секаква литературна вредност“. Но, оваа драма е пишувана на чист крушевски дијалект  на македонскиот јазик, со примеси на архаизми и други јазични особености.

Никола Мајски, исто така, пишува и стихови на македонски и на бугарски јазик и предлага за печат стихозбирка, што е пречекана, како и драмата, со сериозни закани од врховистите. На барањето да се даде  мислење за стихозбирката, Јордан Бадев ќе му одговори: „Си застанал да пишуваш стихови на македонски јазик, каков што не постои и каков што никогаш нема да постои. Зашто, не постои македонска нација, туку има само македонски Бугари, кои се неразделен дел од нашава нација и сите Бугари говорат на еден јазик бугарскиот! Да се тврди спротивното е безумство, а да се работи за македонска нација тоа е злосторство и предавство!Јордан Бадев, роден во Битола, бил учесник во македонското револуционерно движење, но прешол на страната на великобугарскиот врховизам и шовинизам против Македонија и се врзал за воинственото крило на Тодор Александров и Иван Михаилов, заколнатите противници и уништувачи на автентичната македонска национална кауза

Во периодот на македонските „братоубиства“, како осуден за ликвидација, Мајски ја напушта Софија и се повлекува на служба во Видин. Таму тој објавува свои литературно-мемоарски и историографски прилози. Во Софија се преселува по Втората светска војна. Воодушевен од создавањето македонска држава, неколкупати ја посетува Македонија. Пишува драмолетки на македонски јазик што и ги изведува на сцената на Крушевското братство во Софија. Починува на 2 август 1962 година, токму на Илинден, на кој што му го посвети сиот свој револуционерен живот и целото свое литературно- публицистичко творештво.

Извори: статиите „Никола Киров Мајски“ и „Драмата ‘Илинден’ на Никола Киров Мајски“ на весникот „Македонска нација“

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Дијалогот е единствен пат кон мир и стабилност

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

To top