Македонија

ЗНАМ: Димитриевски го бранеше интересот на Куманово, а СДСМ изврши национално предавство

Очигледно е дека СДСМ во крајна безидејност и очајност во понудата на програмски решенија и проекти, во периодот пред почетокот на кампањата за локалните избори ќе настапува со празни флоскули, лаги и манипулации, реагираше денеска партијата ЗНАМ на ставот на опозицијата дека е скандал од невидени размер повлекувањето на обвинението за кумановскиот градоначалник Максим Димитровски. […]

Очигледно е дека СДСМ во крајна безидејност и очајност во понудата на програмски решенија и проекти, во периодот пред почетокот на кампањата за локалните избори ќе настапува со празни флоскули, лаги и манипулации, реагираше денеска партијата ЗНАМ на ставот на опозицијата дека е скандал од невидени размер повлекувањето на обвинението за кумановскиот градоначалник Максим Димитровски.

„За конкретниот случај сакаме да ја информираме јавноста дека сите судии и јавни обвинители кои службено биле инволвирани во предметот се избрани или именувани во времето на 7-годишниот владин мандат на ДУИ и нивниот зависен партнер, привезокот СДСМ. За разлика од зависноста што ја имаше СДСМ од ДУИ во водењето на Македонија кон амбисот, националната катастрофа и предавството од епски размери на државните интереси, Движењето ЗНАМ за наша Македонија е сам на своето, со свои автохтони политики, со одлука за самостоен настап на следните локални избори и рамноправен партнер со ВМРО-ДПМНЕ во Владата на Република Македонија“, се вели во реакцијата на ЗНАМ.

За овој предмет правдата конечно излезе на виделина, се додава.

„Пред претседателските избори во 2024 година претседателот Димитриевски рече дека тоа е политички монтиран процес од страна на урбано-политичко бизнис спрега позната во општината. Го бранеше јавниот интерес и тогаш и сега ги застапува интересите на граѓаните. Во текот на процесот помина низ долго патешествие и присуствуваше на секое рочиште пред судот, со сите опструкции од тогашната власт. Во таа судска постапка беа презентирани многу факти и аргументи во форма на докази од адвокатскиот тим, кој ги побија обвинувањата и потврди дека тој работел по закон, во заштита на јавниот интерес“, соопшти ЗНАМ.

Ја поздравуваме одлуката на Јавното обвинителство дека нема основа за кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и докази и да се повлече обвинението против градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, се вели во реакцијата.

Од СДСМ соопштија дека е скандал од невидени размери повлекувањето на кумановското Јавно обвинителство од постапката против градоначалникот Максим Димитриевски само неколку дена пред да се донесе пресудата.

„Но, овој скандал конечно потврдува и зошто Максим Димитриевски конечно влезе во коалиција со Христијан Мицковски и која беше неговата цел – само за да ја избегне личната одговорност пред правосудните органи. Тројанскиот коњ во опозицијата – сега веќе е комплетно разобличен. Цената за расколот во опозицијата беше токму спасот на Димитриевски од кривичен прогон. Тој одигра улога на саботажа и денес му слугува на Мицкоски како измеќар. За возврат доби политичка заштита од правен прогон“, соопшти СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top