Македонија

Зонско паркирање и во скопска Автокоманда

Секое домаќинство ќе добие две бесплатни картички за паркирање, со што се обезбедува правична распределба и приоритет за жителите

Донесено е Решение за утврдување на режим на сообраќај во Автокоманда, со што официјално се одобрува воведувањето на зонско паркирање – решение кое жителите на Автокоманда го очекуваат повеќе од една деценија, информира градоначалникот на Општина Гази Баба и кандидат за уште еден мандат, Бобан Стефковски. .

Во објава на Фејсбук, Стефковски вели дека веќе интензивно се работи на изработка на проектот за обележување на улиците и поставување на потребната сигнализација, а активностите на терен ќе започнат во најкус можен рок.

„ Она што е од особена важност, – вели Стефковски – е што секое домаќинство ќе добие две бесплатни картички за паркирање, со што се обезбедува правична распределба и приоритет за жителите“ .

Тој во објавата додава дека зонското паркирање е решение кое директно ќе влијае на квалитетот на животот во Автокоманда.

Најнови вести од: Македонија

Повелете, неписмен бугарски публикуме – Адвокатка ги демаскира бугарските напади врз македонскиот капитен

Македонскиот капитен го повтори тоа што преходно во Софија го стори претседателката Сиљановска-Давкова која одби да одговара на бугарски јазик и зборуваше на англиски јазик

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот Светлана Колариќ, „во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица“.

To top