Македонија

Зошто Германија е полна со Македонци

Според огласот работниците за оваа високо интензивна работа би добивале по околу 900 денари дневно односно по нецели 2 евра на час

Оглас за работници за во производство од компанијата ГРИФИН ГРУП ДООЕЛ која завршил 21. 07. 2025 за работа во Скопје најдобро илустрира зошто огромен број Македонци заминуваат да работат во Германија и други земји.

 

Компанијата за производство и продажба на здрава храна, комбуха, чаеви, тинктури, додатоци во исхраната има потреба од повеке таботници за работа во производство за здрава храна и додатоци во исхрана но подготвена е да даде минимална плата.

 

Формата бара одговорни луѓе со завршено средно образование, со претходно работно искуство што ќе се смета за предност, со висока хигиенска свесност и дисциплина.

Секој апликантот треба да е педантна личност која води сметка за својата хигиена и хигиената на работниот простор истовремено тој треба да е организирана и одговорна личност со желба за постојано учење, лично и професионално надоградување и да има способност за индивидуална и тимска работа.

 

За ваков ,,супермен” работник компанијата нуди можност за напредување во кариерата, работа во 2 смени: 7-15ч. и од 14-22ч. од понеделник до петок и сабота по потреба која дополнително се плаќа. Несе работи за празници

Стартна плата која им се нуди на работниците со вклучена хранарина 25.000 денари + бонуси + напредок во кариерата.

Секој вработен ќе мине низ приправнички пробен период 1 до 3 месеци кој е платен а компанијата нуди и можност за напредување во кариерата која не е дефинирана.

 

Според огласот работниците за оваа високо интензивна работа би добивале по околу 900 денари дневно односно по нецели 2 евра на час.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top