Македонија

Зошто Османи ја лаже јавноста користејќи лажни вести на бугарски антимакедонист, прашува заменик спикерот

Лажната вест дека Македонија нема да добие бесплатен роаминг прв ја објваи бугарскиот портал Вестимак.мк кој на македонски јазик објавува антимакедонски статии. Овој портал го контролираат луѓе од Софија и Виктор Стојанов од бугарската фондација ,,Македонија”.

Зошто Османи ја лаже македонската јавнос користејќи лажни вести на бугарски антимакедонист, прашува заменик спикерот на парламентот Антонио Милошоски.

Потпретседателот на Собранието реагира на информацијата на Бујар Османи кој тврди дека Македонија нема да биде меѓу првите земји кои ќе добијат бесплатен роаминг со ЕУ.

,,🇲🇰🇪🇺 Штета што еден поранешен министер за надворешни, обидувајќи се да ја девалвира владата, ја понижува државата, а истото го прави пласирајќи ги лажните вести на Виктор Стојанов, како веродостојни информации.
Многу ниски удари од политичар кој претендира да ја води ДУИ”, објави Милошоски.

Екс министерот Османи преходно заклучи дека Македонија нема да биде меѓу првите земји со бесплатен роаминг со унијата.

,,Уште една цена од изолацијата на оваа влада од ЕУ. Граѓаните ќе ја платат директно.
Европската комисија вели дека Албанија и Црна Гора се во „брзата лента“ за роаминг во ЕУ, со цел вклучување до крајот на 2026 година или почетокот на 2027 година.
Македонија е отсутна од тој распоред”, напиша Османи кој во одговор до Милошоски се повикува на објава на Европската комисија во која не се наведува прецизно кога Македонија ќе добие бесплатен роаминг.

Милошоски на реакцијата на Османи објави
службено писмо од службата DG CОNNECT при Европската комисија со кое се потврдува приемот на одлуката за назначување на главен преговарач за “Roam Like-At-Home” помеѓу ЕУ и Македонија.

Лажната вест дека Македонија нема да добие бесплатен роаминг прв ја објваи бугарскиот портал Вестимак.мк кој на македонски јазик објавува антимакедонски статии. Овој портал го контролираат луѓе од Софија и Виктор Стојанов од бугарската фондација ,,Македонија”.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top