Македонија Бизнис

Зошто становите – посебно во Скопје, секој ден се поскапи и поскапи?!

Од градежниот сектор тврдат и дека се соочуваат со недостаток на кадар. Нема инженери, градежни работници и се останато и тоа дополнително прави проблеми.

Потребни се нови локации, а не мерки за пад на цените на становите. Ова е ставот на дел од градежниците по изјавата на гувернерот Славевски дека со посебни механизми се планира да се делува на пазарот на недвижности за да има поевтинување на квадратот, пренесе Телма. Препорачуваат каква одлука и да се носи,  претходно да бидат консултирани сите засегнати страни за да не настанат проблеми. Причината за цените ја лоцираат во тоа што нема нови локации за градба со кои би се зголемила понудата, па поради тоа во моментов висината на квадратот ја диктираат половните, а не новите станови.

Гувернерот Славевски вчера кажа дека состојбата со цените на недвижностите особено на становите е загрижувачка и најави мерки за стабилизација,  но не откри за што точно станува збор.

Од градежниот сектор тврдат и дека се соочуваат со недостаток на кадар. Нема инженери, градежни работници и се останато и тоа дополнително прави проблеми.

Според, анализите на НБРМ во првиот и вториот квартал цената на становите пораснала за околу 20 отсто. Ваквата состојба трае веќе подолго време. На одредени локации во Скопје цената за квадрат достигна и до речиси 3.000 евра.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top