Бугарскиот историчар Пламен Павлов со тешки квалификации се нафрли врз написот во „Нова Македонија“, во кој се вели дека Македонија ѝ дала на Бугарија 8 министри, 20 дипломати, 70 пратеници, 10 митрополити, 15 универзитетски професори, 100 научници, писатели, публицисти, 35 уметници, скулптори, оперски пејачи, актери итн.

„Ова покажува колку е жален македонизмот. Со младен Србиновски напишавме една книга и се надеваме дека наскоро ќе ја издадеме наскоро: ‘Македонизмот, триумфот на ништото’ – тоа звучи многу добро. Македонизмот навистина е триумф на ништожноста, на праксата на непостоечката реалност, на универзализираната глупост. Тоа веќе добива апсурдни размери“, вели Павлов за бугарското радио Фокус.

„Мислам дека тој напис е толку жален и комичен што се надевам дека ќе има обратен ефект. Сепак, луѓето во Македонија полека излегуваат од маглата на македонизмот, излегуваат од таа црна магија во која беа фрлемни и од Србија, и од титова Југославија и особено од режимот на Груевски во последните десетина години“, додава историчарот според кој сите набројани личности од Македонија што оставиле белег во Бугарија се Бугари по националност.

SHARE