Ана Марија Атанасовска на крајот на мај беше избрана за национален претставник, по финалето на државниот натпревар кој се одржа во Скопје, а на кој учествуваа најдобрите 40 млади од речиси 700 пријавени лица.

Во Њујорк беше и доделувањето на наградите од Adobe Certified Associate натпреварот. Како наш претставник беше Сара Мисајловска. Целта на овој натпревар беше да ги тестира вештините за дизајнирање на учесниците преку програмите Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign, пишува порталот Иновативност.мк.

SHARE