Македонка политичарка со грчко презиме предизвика тензии во дијаспората

Кандидатка за член на локалниот совет во општината Дарбин во градот Мелбурн предизвика поделби и дебата меѓу Македонците на седмиот континент поради нејзината национална припадност.

Емили Димитријадис која е кандидат на Лабуристичката партија во дел од австралиската федерална единица Викторија стана повод за поделба меѓу Македонците поради тоа што зборува и македонски и грчки јазик.

“Емили е со македонско потекло и зборува и македонски и грчки јазик течно”, напиша македонскиот активист Виктор Бивели по што започна дебата дали Емили Димитријадис е вистинска Македонка или “гркоманка”.

Тоа што дома зборувала грчки јазик е причина дел од Македонците да немаат доверба во нејзината македонска определба, која што според други не е докажана затоа што не била активна при настани посветени на македонските прашања, сметат други Македонци од Австралија.

Коментарите на овој ЛИНК

https://m.facebook.com/groups/MacedoniaNeedsMacedonians/permalink/3742679849096820/

Дел од загрижените Македонци се плашат дека Димитријадис нема да може да го издржи притисокот од грчката заедница во Австралија поради која друга Македонка, Емилија Лиса Стерјова која беше градоначалник на градчето Витлси и која доби смртни закани од грчката задница ја напушти позицијата.

Изборите за локалниот совет во Дарбин се одржаа на 24 октомври но резултатите се уште не се објавени затоа што до денеска се чекале гласовите испратени по пошта.

SHARE