Македонката Ансарова со триумф на кариерата во ултимејт фајт

Нина Ансарова, 33-годишна Македонка од Флорида, САД, ја оствари најзначајната победа во својата десетгодишна кариера, совладувајќи ја фаворитката Клаудија Гаделја од Бразил во борба за Ултимејт фајт шампионат (УФЦ 231) во Торонто.

До четвртата победа во низа 11. претендентка за титулата во категоријата до 52 килограми дојде по пресврт, откако четвртата носителка беше подобра во првата рунда, а Ансарова во другите две, но судиите едногласно гласаа за фајтерката позната под прекарот „стрина“.

По мечот таа изјави дека Гаделја ја потценила и оти досега Бразилката не видела борец како неа.

Ансарова, чиј скор сега е десет победи и пет порази, своето македонско потекло го покажува и преку тетовираното знаме на Македонија со нејзиното презиме на кирилица.

 

SHARE