Целиот состав на македонската амбасада во Загреб е на годишен одмор а луѓето што бараат помош или совет,  Хрвати или македонски државјани, нема кој да им помоггне, алармира на Фејсбук почесниот конзул на Македонија во Хрватска, професорот Горан Калоѓера. Тој вели дека многумина му се обраќаат нему.

„Ги прашувам, што не се јавувате во Амбасадата, а луѓето ми велат дека единствен достапен број е Вашиот мобилен телефон.   И тогаш следува тоа што не би требал да се случува. Нормално е луѓето од Амбасадата да одат на одмор, меѓутоа не сите, треба да се направи некаков распоред , па барем некој да се јавува на телефон. Се сомневам дека во  во американската, руската, англиската, словенечката амбасада во Загреб, сите, туто комплето одат за годишен!

Но, тоа е помалку важно. Важно е дека сите оние што се јавуваат имаат потреба од информации или нешто што не може да им го направи почесниот конзул затоа што нема овластување или можност да помогне.

Има навистина сериозни повици на кои им е потребна итна реакција од персоналот на Амбасадата, од кој може да се справи со ова, од разни сертификати, дозволи, смртни случаи, патувања на хрватските спортисти или гости во Македонија, итн. Да не спомнувам, има многу да се каже.

Она што јас можам да го направам – пишува конзулот Калоѓера – е да им дадам информација и ништо повеќе, а сите сериозни повици ги упатувам на личниот мобилен телефон на господинот амбасадор (Назив -н.з.) Џафери.

Зошто:? Не да му го заебам годишниот, туку затоа што тој е платен да го решава тоа, а не јас“, пишува на Фејсбук почесниот македонски конзул во Хрватска, Горан Калоѓера.

SHARE