Македонската држава официјално поддржа проект “Илирида”

Меѓу проектите финансиски поддржани со годинашниот конкурс на министерството за култура се наоѓа и организација по име “Илирида”.

Министерството за Култура финансиски го поддржала ансамблот за народни песни и игри “Илирида” и тоа со два проекти.

Едниот проект е во чест на јубилејот 5 години од основањето на Илирида а вториот е за детски фолклорен фестивал.

Според Министерството за култура сите пристигнати пријави внимателно беа разгледувани од стручните комисии, составени од реномирани професионалци од соодветните дејности, кои при селекцијата на пријавите особено внимавале да овозможат правична, квалитетна и соодветна распределба на буџетските средства.

Претседатели на комисиите кои ги разгледувале пристигнатите пријави по одделни дејности се: за литература и издавачка дејност – Бертон Сулејмани; за драмска дејност – Ирена Стеријовска; за фолклор и сценско-уметничка дејност – Арлинда Калиси; за музичка и музичко-сценска дејност – Јане Бакевски; за визуелни уметности, архитектура и дизајн – Трајче Блажевски; за интердисциплинарни проекти – Артан Исмајли; за меѓународна дејност – Џемил Бектович; за заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра – Миле Велчовски; за музејска дејност – Фаница Велјановска; за библиотечна дејност – Авзи Мустафа.

Илирида е илегална воена организација која се бори за обединување на сите територии на Балканот каде што живеат Албанци и се наоѓа на црната листа на САД која третира терористички и организации опасни за стабилноста на Балканот.

SHARE