Македонската економија за три децении пораснала за една третина

Бруто општествениот производ на Македонија од 1990 до 2018 година бележи раст од 31 процент, меѓу најниските во југоисточна Европа, покажуваат податоците на Светска банка.

Понизок раст на БДП во последните три децении оствариле само Грција од 28 отсто, Босна и Херцеговина (-1 отсто) и Србија (-11 отсто).

Апсолутен рекордер во наведениот период е Турција, чија економија пораснала за речиси 2,5 пати, односно за 239 проценти. Следуваат Албанија со раст на БДП од 141 отсто, Косово со 129 отсто, Словенија со 98 отсто, а пред Македонија се и Романија со 80 отсто, Црна Гора со 70 отсто, Бугарија со 67 отсто и Хрватска со 58 отсто.

Картата со стапките на раст на БДП на Твитер ја сподели Сонер Чагаптај, директор на Турската истражувачка програма при Институт за блискоисточна политика од Вашингтон.

SHARE