Македонската химна одекна во Рим по триумфот на Стефановски (ВИДЕО)

Државното знаме на Македонија одново се најде на подиумот благодарејќи на победата на Игор Стефановски во втората трка од италијанскиот ТЦР-шампионат во автомобилизам на патеката „Валелунга“ во Рим.

„Ова е победа за вас! Победа за моите луѓе, за мојот тим, за Македонија“, изјави популарниот Иџе.

По седмото место вчера, тој со својот „хјунади и30 Н“ беше недофатлив денеска, оставајќи ги веднаш зад себе домашните натпреварувачи Сандро Џардели и Мауро Гвидети, обајцата со „хонда сивик ФК7“.

Два викенда до крајот на шампионатот единственуиот странец е на десеттото место во вкупниот поредок.

SHARE