Совенија донираше 110 илјади евра во заштитна опрема – 100.000 заштитни маски и исто толку пара наравици – наменета за македонската полиција, информираат од МВР.

„ Имајќи го предвид моментот доаѓа помошта, таа е од исклучително значење за нас. Во оваа пригода сакам пред сè во мое и во име на Министерството за внатрешни работи да му се заблагодарам на словенечкиот премиер Јанез Јанша и на нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот“,  истакна министерот Наќе Чулев кој денеска на скопскиот аеродром ја прими донацијата.

За ова на Фејсбук се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС,…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, April 3, 2020
SHARE